0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Вархеји: ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно против коронавирусот

Сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан - Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдија своето учество во договорот за заеднички набавки што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со коронавирусот, соопшти денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдија своето учество во договорот за заеднички набавки, што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со коронавирусот, соопшти денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Заедно се бориме против коронавирусот. Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија своето учество во Заедничкиот договор за набавка, а четири досега го усвоија предлогот за „зелени линии“ кои ќе го осигурат протокот на храна и лекови, објави Вархеји на Твитер. са/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close