0_Спорт.ПорталФудбал

Варди: Ова е само почеток

Голгетерот на Лестер, Џејми Варди ги сумираше впечатоците од натпреварот од 3. коло во Премиер лигата со Манчестер сити (5:2).

Манчестер, 27 септември 2020 (МИА) – Голгетерот на Лестер, Џејми Варди ги сумираше впечатоците од натпреварот од 3. коло во Премиер лигата со Манчестер сити (5:2).

Варди постигна хет-трик на денешниот натпревар, два од трите погодоци реализира од пенал.

  • Одличен резултат. Ја прилагодивме тактиката, знаевме дека со добивање на топка и надминување на нивниот притисок, ќе создадеме шанси – и ги искористивме. Требаше само да продолжиме да веруваме. Главната работа е три бода, а ние ги заработивме благодарение на одличната игра. Но, ова е само почеток, мора да продолжиме да играме со иста стабилност, истакна Варди.

Пеналите се секогаш мачка и глушец. Знам каде ќе шутнам, а голманот знае каде ќе скокне. Многу сум среќен што постигнав гол, додаде Варди.

Лестер е прв на табелата со максимални девет бода по трите кола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close