0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Вардарци му ја препуштаат фаворитската улога на Монпеље

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски и капитенот Стојанче Стоилов, на два дена пред дуелот со Монпеље во рамките на последното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампионите, изјавија дека Французите се фаворити.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски и капитенот Стојанче Стоилов, на два дена пред дуелот со Монпеље во рамките на последното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампионите, изјавија дека Французите се фаворити.

– Нашата примарна цел, пласманот во ТОП 16 ја остваривме. Сега, поради ситуација во која се наоѓа клубот и поради неколкуте повредени играчи, Монпеље е фаворит на овој меч, но тоа не значи дека ние влегуваме со бело знаме. Ќе го дадеме нашиот максимум , мотивација не недостига и ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат. Ние сме домаќини и европски шампиони, но ситуацијата во која се наоѓаме оставаат резерва кај мене да не бидам оптимист пред натпреварот, изјави Алушовски.

– Монпеље е апсолутен фаворит. Наше е да дадеме се од себе и да пробаме да ги изненадиме, рече Стоилов на денешната прес-конференција.

Натпреварот Вардар – Монпеље се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close