0_Спорт.ПорталРакометРезултатиСпорт.Слајдер

Вардар за само пет дена по втор пат поразен од ПИК Сегед

Ракометарите на Вардар вечерва се поразени на гостувањето кај Пик Сегед со 34:33 во својот осми настап сезонава во Лигата на шампионите.

Сегед, 18 февруари 2021 (МИА) – Ракометарите на Вардар вечерва се поразени на гостувањето кај ПИК Сегед со 34:33 во својот осми настап сезонава во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак одигра добро прво полувреме, во два наврата имаше три голови предност, а на полувреме отиде со водство 19:17. Унгарскиот тим пресвртот го најави на самиот почеток на вториот дел со серија од 4:0 и водство со 21:19. Вардарци возвратија со два врзани погодоци изедначија со 21:21, но домаќините повторно влегоа во ритам и со шест последователни гола поведоа со 27:21. Оваа разлика се покажа како недостижна за избраниците на тренерот Стевче Алушовски кои до крајот успеаја да се изборат за чесен пораз.

Голманот Кантегрел со 14 одбрани и крилото Чупиќ со девет погодоци беа најдобрите во составот на Вардар.

По осум средби во А групата Вардар има шест порази и се наоѓа на последното (8.место) со три бода, додека ПИК Сегед е петти со 10 бода. зс/  

Таг
Back to top button
Close
Close