0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Вардар се пласира директно во четвртфиналето на СЕХА-лигата

Нашиот тим, иако губеше по првиот дел со - 4, покажа одлична игра во последните петнаесетина минути и стигна до заслужен триумф.

Нови Сад, 3 декември 2019 (МИА) – Екипата на Вардар се пласира директно во четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата откако вечерва ја совлада Војводина на гости со 33:35 (20:16).

Нашиот тим, иако губеше по првиот дел со – 4, покажа одлична игра во последните петнаесетина минути и стигна до заслужен триумф.

На две кола до крај на регуларниот дел, „црвено-црните“ си обезбедија место во Топ-8 фазата.

Тимур Дибиров со 11 и Павел Атман со 10 гола беа најефикасни во вечерашната победа на вардарци. Кај Војводина, Грозданиќ запиша 11 гола.

Таг
Back to top button
Close
Close