0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Вардар поразен од Динамо Киев во контролна средба

Вардарци иако на моменти имаа рамнотежа во играта и во поседот на топката, сепак, противникот ги искористи своите шанси и постигна четири голови.

Анталија, 23 јануари 2020 (МИА) – Екипата на Вардар доживеа пораз и на вториот контролен натпревар на подготовките во Анталија. Украинскиот тим Динамо Киев ги совлада „црвено-црните“ со убедливи 4:0.

Вардарци иако на моменти имаа рамнотежа во играта и во поседот на топката, сепак, противникот ги искористи своите шанси и постигна четири голови.

Првиот гол падна во 5. минута, откако Бујалски со удар од 15-16 метри го совлада Гачевски, упатувајќи ја топката во долниот десен агол. Вториот гол го постигна Сидорчук откако по една нафрлена топка, убаво ја зафати топката, и го совлада Гачевски. На 0:3 зголеми Дуелунд во 29. минута по акцијата од десната страна.

Во второто полувреме Динамо Киев користи уште една шанса во 86. минута. Ѓурковски стартуваше над еден противнички играч, и беше покажан пенал. Сигурно го реализираше Русин, и ги постави конечните 4:0.

Таг
Back to top button
Close
Close