0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт

Вардар поразен на отворањето на Регионалната боксерка лига

Скопски Вардар со пораз стартуваше во Регионалната лига во бокс, откако синоќа, во премиерниот меч од новото натпреварување загуби на домашен терен од Лозница со 14:6.

Скопје, 28 Мај 2021 (МИА) – Скопски Вардар со пораз стартуваше во Регионалната лига во бокс, откако синоќа, во премиерниот меч од новото натпреварување загуби на домашен терен од Лозница со 14:6.

Во вториот меч во рамки на групата А, боксерите на Железничар денеска ќе ги вкрстат ракавиците со екипата на Подгорица.

Мечот во Скопје меѓу Вардар и Лозница го означи стартот на новата Регионална боксерка лига во која учествуваат осум екипи од просторите на поранешна Југославија.

Двојките за првото коло во група Б се Витезови Загреб – Радник Бијелина (5 јуни) и Црвена ѕвезда – Марибор (29 мај). ег/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close