0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Вардар остана без лиценца за Европа

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија, по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21 не му додели лиценца на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија, по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21 не му додели лиценца на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 добија: Академија Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи.

Освен Вардар лиценца не им е издадена и на Брегалница, Борец и Струга ТримЛум. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close