Дописници МКДОпштински вести

Вандализиран дворот и инвентарот во штипската градинка „Цветови“

Клонот „Цветови“ во рамки на градинката „Астибо“ е мета на млади вандали, кои неколку години наназад го уништуваат дворот и инвентарот, а вработените по нивното вандализирање наоѓаат и расфрлани шишиња од алкохол. Директорката на градинка „Астибо“-Штип, Билјана Трајчевска вели дека најновиот случај е пријавен во полиција.

Штип, 19 јуни 2020 (МИА) – Клонот „Цветови“ во рамки на градинката „Астибо“ е мета на млади вандали, кои неколку години наназад го уништуваат дворот и инвентарот, а вработените по нивното вандализирање наоѓаат и расфрлани шишиња од алкохол. Директорката на градинка „Астибо“-Штип, Билјана Трајчевска вели дека најновиот случај е пријавен во полиција.

– Веќе неколку години наназад во нашиот објект „Цветови“ сме сведоци на вакви слики. Во периодот од мај, па се до октомври во дворот на градинката во доцните ноќни часови се сообираат лица кои прават штета. Во неколку наврати има интервенирано полицијата, но проблемот останува. Лани имавме и случај дури имаше палење и оган и се плашиме дека може да има и немили последици дека може да се случи и пожар во градинката, вели Трајчевска.

Надлежните од СВР-Штип велат дека во наредниот период ќе имаат засилени контроли во ноќните часови, а лани ги имаат откриено сторителите кои дивееле во дворот на градинката. Станува збор за малолетници. Трајчевска вели дека веќе размислуваат за воведување и на чуварска служба, за да го заштитат објектот, во кој се згрижуваат деца од претшколска возраст од реонот на населбата 8- ми Ноември. вдј/оџ/

Back to top button
Close
Close