БалканБалкан.Портал

Ван дер Белен: Австрија ќе го поддржи секое взаемно прифатливо решение за Косово

Австрискиот претседател Александер ван дер Белен денеска во Белград изјави дека Австрија ќе гледа позитивно на секое мирно и взаемно прифатливо решение за Косово, за кое ќе се договорат Белград и Приштина.

Белград, 17 октомври 2018 (МИА) – Австрискиот претседател Александер ван дер Белен денеска во Белград изјави дека Австрија ќе гледа позитивно на секое мирно и взаемно прифатливо решение за Косово, за кое ќе се договорат Белград и Приштина.

На прашањето за идејата за размена на територии помеѓу Србија и Косово, Ван дер Белен рече дека за тоа „и експертите имаат различни гледишта“.

– Но, ако постои мирно и взаемно прифатливо решение за Белград и Приштина, тогаш со голема благонаклонетост ќе гледам на него. Акцентот е на мирно и взаемно прифатливо решение, рече Ван дер Белен по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека Србија има водечка позиција меѓу кандидатите за членство во Европската унија и би требало во текот на декември да отвори нови поглавја во преговорите, но потсети дека треба да се решат нерешените гранични спорови пред присоединувањето кон ЕУ.

– Сите знаеме дека кандидатите треба да ги исполнат своите задачи и дека ЕУ ќе се заложи билатералните прашања, прашањата за границите да бидат решени пред пристапувањето, рече Ван дер Белен.

Тој додаде дека ЕУ нема посебни барања за Србија и Косово, но постојат преседани со Кипар и Словенија и Хрватска, кои не би сакал да се повторат. паг/сп/15:12

Таг
Back to top button
Close
Close