0_Спорт.ПорталФудбал

Ван Дaјк до повредата, не пропушти ниту една минута во Премиер лигата од 2018 година

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ќе биде надвор од фудбалските терени поради повредата здобиена во саботата против Евертон.

Лондон, 19 октомври 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ќе биде надвор од фудбалските терени поради повредата здобиена во саботата против Евертон.

Дваесет и деветгодишниот Холанѓанец не пропушти ниту една минута од натпреварите во англиската Премиер лигата од јануари 2018 година.

За потсетување, на 1 јануари 2018 година Ван Дајк се пресели од Саутемптон во Ливерпул за 84,65 милиони евра.

Фудбалерот има скинат вкрстен лигамент на коленото по дуел со голамнот на Евертон, Џордан Пикфорд и ќе мора да оди на операција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close