Дописници МКДОпштество

Вакцинирани висок процент од воспитувачките и негувателки од кумановските градинки

Околу 80 проценти од вработените од кумановската градинка „Ангел Шајче“ се пријавиле за вакцинација против Ковид 19, а вакцинирани се скоро сите даватели на услуги, односно воспитувачки, негувателки информираа денеска надлежните од детската градинка.

Куманово, 20 април 2021 (МИА) – Околу 80 проценти од вработените од кумановската градинка „Ангел Шајче“ се пријавиле за вакцинација против Ковид 19, а вакцинирани се скоро сите даватели на услуги, односно воспитувачки, негувателки информираа денеска надлежните од детската градинка.

– Останатите имаа прележано. Сите поминаа добро со вакцинацијата, се надеваме дека исто ќе поминат и на ревакцинација. Мерките целосно се почитуваат, имаме редовна дезинфекција, посебни негувателки на прием, посебни воспитувачи во групите, нема мешање меѓу групите, изјави директорката на установата, Марина Алексовска.

Од почетокот на работата на установата од 9 септември, лани, само едно дете беше заболено од семејството во ноември.

Проектираниот капацитет во ковид кризата согласно протоколите е 796 деца, а кумановската градинка моментно има 580 деца.

Неодамна беа пуштени во употреба проширените простории во градинката кај градскиот стадион. Надлежните се надеваат дека ќе се адаптираат или прошират дополнителни простории, бидејќи пред ковид кризата во осумте објекти и двата центри за ран детски развој имаше и околу 1.500 деца.ам/вј/

Back to top button
Close
Close