Дописници МКДОпштински вести

Вакцинирани се вкупно 760 лица над 76-годишна возраст од Велес и велешкиот поширок регион

На вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Велес денеска продолжи вакцинацијата со „Астра Зенека“, а вакцинирани се уште 60 лица на 76 - годишна возраст.  Од почетокот на вакцинацијата на 30 март до денеска вакцинирани се вкупно 760 лица над 76 - годишна возраст од Велес и велешкиот поширок регион, а во кој се вклучени и жители од општините Градско и Чашка.

Велес, 19 април 2021 (МИА) – На вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Велес денеска продолжи вакцинацијата со „Астра Зенека“, а вакцинирани се уште 60 лица на 76 – годишна возраст.  Од почетокот на вакцинацијата на 30 март до денеска вакцинирани се вкупно 760 лица над 76 – годишна возраст од Велес и велешкиот поширок регион, а во кој се вклучени и жители од општините Градско и Чашка.

Како што информира за МИА д-р Пандели Божиков, вакцинацијата се одвива според сите протоколи и во најдобар ред.

-Вакцинирањето се одвива во најдобар ред и без последици по здравјето на вакцинираните, информира д-р Божиков.

Тој појасни дека од оваа добиена пратка имаат уште 60 дози вакцини од „Астра Зенека“ кои треба да бидат потрошени до утре попладне, а потоа ќе чекаат нови пратки на вакцини против Ковид-19 и нови инструкции од Министерството за здравство за продолжување со вакцинацијата.

Воедно информира дека по примањето на првата доза тие на лицата што веќе се вакцинирале им закажуваат ревакцинација исто така со „Астра Зенека“ за три месеци. ад/рп/

Back to top button
Close
Close