0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Вацке призна: Баерн е десетици години пред Дортмунд

Баварците се во серија од осум последователни титули во Бундеслигата, но вечерва Борусија има можност да го зграби германскиот Суперкуп. Состанокот започнува во 20.30 часот по македонско време.

Дортмунд, 30 септември 2020 (МИА) – Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, призна дека детронирањето на хегемонот Баерн Минхен би било многу тешка задача.

Баварците се во серија од осум последователни титули во Бундеслигата, но вечерва Борусија има можност да го зграби германскиот Суперкуп. Состанокот започнува во 20.30 часот по македонско време.

– Баерн Минхен во моментов е најдобриот тим на планетата и не им е потребен инвеститор. Клубот постигна толку многу финансиска моќ што му е многу полесно да ги задржи своите најдобри играчи. Сепак, Баерн ја извојува оваа позиција во текот на 40-50 години. И во овој момент тие напред десетици години. Додека Баерн троши 100 милиони евра повеќе од нас на плати за своите играчи, битката за титулата ќе биде многу тешка за нас, изјави Вацке за „Спорт Билд“.

Таг
Back to top button
Close
Close