Општински вестиСкопје

В понеделник авионско прскање против комарци во Скопје

Во понеделник, на 10 август, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионско прскање против комарци на подрачјето на Град Скопје.

Скопје, 7 август 2020 (МИА) – Во понеделник, на 10 август, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионско прскање против комарци на подрачјето на Град Скопје.

Со тоа, како што соопшти Градот, ќе се спроведе четвртата фаза од авионската дезинсекција против ларви од комарци.

Доколку временските услови не дозволуваат прскање, дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Град Скопје апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. мч/сп/

Back to top button
Close
Close