0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

В четврток ќе биде донесена одлука за работата на градинките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе биде донесена дефинитивна одлука за функционирање на градинките.

Скопје, 18 август 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе биде донесена дефинитивна одлука за функционирање на градинките.

– Во однос на отворање на градинките, имавме интензивни состаноци и вчера и денеска. Беа присутни претставници и на градинките, државните и на приватните, на состанокот на Комисијата за заразни болести. Утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за функционирање на градинките, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе почнат со работа градинките.

Филипче посочи дека сите одлуки се носат координирано, што значи дека ако некој остане дома, како што рече, поради потреба да остане дома, ќе се продолжи породилното отсуство. мд/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close