СветСвет.Портал

Јужнокорејскиот претседател ја прифати оставката на министерот за односи со Пјонгјанг

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин денеска ја прифати оставката на министерот надлежен за односи со Северна Кореја, што ја поднесе откако Пјонгјанг ја уништи канцеларијата за врски во граничната област.

Сеул, 19 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин денеска ја прифати оставката на министерот надлежен за односи со Северна Кореја, што ја поднесе откако Пјонгјанг ја уништи канцеларијата за врски во граничната област.

Ким Јеон -Чул беше назначен за министер за обединување во април минатата година, кога преговорите меѓу САД и Северна Кореја почнаа да наидуваат на потешкотии, а должноста ја напушта пред да оствари било каква средба со претставници на Пјонгјанг.

Тој рече дека оставката ја поднесува поради тензиите меѓу двете земји. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close