СветСвет.Портал

Јужнокорејски функционер тврди дека Ким Џонг-ун е жив и здрав

Советникот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин за надворешна политика Чунг ин Мун денеска изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е жив и здрав и оти од 13 април се наоѓа во областа Вонсан.

Сеул, 26 април 2020 (МИА) – Советникот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин за надворешна политика Чунг ин Мун денеска изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е жив и здрав и оти од 13 април се наоѓа во областа Вонсан.

– За сега не се забележан и никакви сомнителни движења, рекол тој, а пренесува „Њузбжвик“.

Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Џонг Ун е нарушена, а многумина шпекулираа и дали е жив.

Вчера биле објавени сателитски снимки од воз кој најверојатно му припаѓа на Ким, на железничка станица во Вонсан.

Ким не се појавил во јавност од 11 април, а според некои информации тој имал операција и е во лоша здравствена состојба. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close