0_Спорт.ПорталФудбал

Јужноафрикански фудбалери две минути не сакаа да изведат корнер, добија три жолти картони

Фудбалерите на Мамелоди Сандаунс се хит на социјалните мрежи овие денови поради „циркусот“ што го приредија во мечот против Блумфонтејн Селтик во шампионатот на Јужна Африка.

Преторија, 24 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерите на Мамелоди Сандаунс се хит на социјалните мрежи овие денови поради „циркусот“ што го приредија во мечот против Блумфонтејн Селтик во шампионатот на Јужна Африка.

Во продолжението на натпреварот добија три жолти картони бидејќи две минути го развлекуваа изведувањето на корнер. Мамелоди во тој момент водеше со 2:1 и на тој начин сакаа да украдат време за зачувување на трите бода.

Медиумите, пак, го протолкуваа таквиот нивни однос со намера да се „исчистат“ од картони со оглед на реванш дуел против нисколигаш во националниот Куп наредната недела. сѓд/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close