СветСвет.Портал

Јужноафриканската кралица почина од Ковид-19

Јужноафриканската кралица Нолоjисо Сандиле почина денеска од новиот коронавирус, соопшти кралското семејство.

Јоханесбург, 9 јули 2020 (МИА) – Јужноафриканската кралица Нолоjисо Сандиле почина денеска од новиот коронавирус, соопшти кралското семејство.

Сестрата на актуелниот Зулу крал, Гудвил Звелитини, 56-годишната кралица Нолојисо беше регент на кралското семејство.

Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоза ја опиша кралицата како „бастион на традиционалните вредности и инспиративен лидер на народот“, додавајќи дека имала значајна улога во развојот на кралството во Источен Кејп.

Во Јужна Африка постојат седум монархии, кои претставуваат различни етнички групи и кланови. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close