СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Јужна Кореја пријави 210 нови случаи на заразени од коронавирус

Јужна Кореја денеска пријави 210 нови случаи на коронавирус, па сега вкупниот број на заразени достигна 3.736 лица, соопшти националниот Центар за контрола и превенција на болести.

Сеул, 1 март 2020 (МИА) – Јужна Кореја денеска пријави 210 нови случаи на коронавирус, па сега вкупниот број на заразени достигна 3.736 лица, соопшти националниот Центар за контрола и превенција на болести.

Ден претходно, беа регистрирани 376 нови случаи, јавија британските медиуми.

Истовремено, Центарот соопшти дека од коронавирусот досега во земјата починале 18 лица. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close