0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Ужасна трагедија го потресе спортот – големиот Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс е меѓу загинатите во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.

Лос Анџелес, 26 јануари 2020 (МИА) – Американските медиуми пренесоа предмалку за огромна трагедија во светот на спортот. Кошаркарската легенда Коби Брајант (41) загина вечерва во хеликоптерска несреќа.

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс е меѓу загинатите во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.

Најмалку пет други лица го загубија својот животи во несреќата, а преживеани нема.
Според очевидци, хеликоптерот се запалил откако паднал на земја. Медиумите тврдат дека неговата сопруга и децата не биле со него.

Брајант е едно од најголемите имиња во светската кошарка. Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, каде ја помина целата своја 20-годишна кариера, тој освои 5 титули и учествуваше на 18 „Ол-Стар“ натпревари.

Официјално се откажа од кошарката во 2016 година.

Таг
Back to top button
Close
Close