0_Спорт.ПорталФудбал

Јувентус потроши над 20 милиони евра на агенциски такси во 2020 година

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) објави податоци за надоместоците за агенциите од страна на клубовите од Серија А во 2020 година.

Рим, 31 март 2021 (МИА) – Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) објави податоци за надоместоците за агенциите од страна на клубовите од Серија А во 2020 година.

Најмногу од сите меѓу клубовите потрошени на агенциски такси е Јувентус со 20,8 милиони евра. Рома е на второто место (19,2 милиони евра), додека Милан е трет (14,3 милиони евра).  Следуваат Наполи со 12 милиони евра, Фиорентина со 9,7 милиони евра и Интер со 9 милиони евра.

Вкупниот износ за агенциските такси во 2020 година изнесува 138 милиони евра, што е за скоро 50 милиони евра помалку од 2019 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close