0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јувентус под карантин

Американецот е втор играч на „бјанконерите“ за два дена, кај кој беше пронајден позитивен тест. Во вторникот стана јасно дека заразен е и голгетерот Кристијано Роналдо.

Торино, 14 октомври 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени има позитивен тест за Ковид-19, соопшти клубот.

Американецот е втор играч на „бјанконерите“ за два дена, кај кој беше пронајден позитивен тест. Во вторникот стана јасно дека заразен е и голгетерот Кристијано Роналдо.

Јувентус најави дека го става во карантин целиот тим како мерка на претпазливост, но доколку нема повеќе позитивни тестови до викендот, тимот ќе го одигра својот натпревар со Кротоне од четвртото коло во Серија „А“.

Таг
Back to top button
Close
Close