0_Спорт.ПорталФудбал

Јувентус не сака да му плати на Наполи 15 милиони евра за Милик

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик е една од главните трансфер цели на Јувентус во зимскиот преоден рок. Сепак, клубовите сè уште не се во можност да се договорат за трансфер на играчот, објави инсајдерот Николо Скира на Твитер.

Торино, 28 декември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик е една од главните трансфер цели на Јувентус во зимскиот преоден рок. Сепак, клубовите сè уште не се во можност да се договорат за трансфер на играчот, објави инсајдерот Николо Скира на Твитер.

Наполи бара 15 милиони евра за Милик. Јувентус смета дека оваа сума е превисока за играч во последната година од договорот. „Бјанконерите“ се надеваат дека сепак ќе се договорат со „наполитанците“ за намалување на цената на играчот.

Во тековната сезона, 26-годишниот полски репрезентативец нема одиграно ниту еден натпревар, бидејќи не е вклучен во ростерот на Наполи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close