0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Јувентус направи голем исчекор кон одбрана на титулата во Серија А

Јувентус го совлада Лацио синоќа во дербито на 34. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат со 2:1 и се најде на само еден чекор до одбрана на трофејот.

Торино, 21 јули 2020 (МИА) – Јувентус го совлада Лацио синоќа во дербито на 34. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат со 2:1 и се најде на само еден чекор до одбрана на  трофејот.

Кристијано Роналдо ги постигна двата гола за домаќините, додека Чиро Имобиле погоди за Лацио.

За Роналдо ова беше 30. гол на 30 натпревари во Серија А. Тој и Имобиле се најдобри стрелци оваа сезона.

Јувентус на четири кола пред крајот е лидер на табелата во Серија А со 80 бода, Интер е втор со 72.

Лацио е на четвртата позиција со 69 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close