0_Спорт.ПорталФудбал

Јувентус му го честиташе 36. роденден на Роналдо: Возраста е само бројка

Еден од најдобрите фудбалери на светот, напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо денес полни 36 години.

Торино, 5 февруари 2021 (МИА) – Еден од најдобрите фудбалери на светот, напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо денес го слави 36. роденден.

– Денес полни 36 години, а на теренот владее повеќе од кога било! Среќен роденден, Кристијано! Доказ дека возраста е само број! – напиша прес-службата на италијанскиот шампион.

Португалецот во Јувентус дојде од Реал Мадрид во 2018 година. Претходно играше за Манчестер јунајтед и Спортинг од Лисабон. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close