0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Јувентус го победи Интер и се врати на лидерското место во Серија А

Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус повторно е на врвот на табелата, откако синоќа во дербито на 26. коло го совлада Интер со 2:0.

Торино, 9 март 2020 (МИА) – Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус повторно е на врвот на табелата, откако синоќа во дербито на 26. коло го совлада Интер со 2:0.

На натпреварот одигран без публика поради коронавирусот, стрелци на головите беа Арон Ремзи и Пауло Дибала, двата во второто полувреме.

По оваа победа, Јувентус има 63 бода, еден повеќе од второпласираниот Лацио и девет од Интер кој е трет и со натпревар помалку. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close