0_Спорт.ПорталФудбал

Јувентус го нуди Ремзи и 50 милиони евра за Погба

Јувентус е подготвен да се раздели со Арон Ремзи и  да плати дополнителни 50 милиони евра за ангажман на Пол Погба. Манчестер јунајтед, пак, за Французинот бара 150 милиони евра, но секоја понуда ќе добие должна почит и внимание од раководството на „црвените ѓаволи“.

Торино, 20 февруари 2020 (МИА) – Јувентус е подготвен да се раздели со Арон Ремзи и  да плати дополнителни 50 милиони евра за ангажман на Пол Погба. Манчестер јунајтед, пак, за Французинот бара 150 милиони евра, но секоја понуда ќе добие должна почит и внимание од раководството на „црвените ѓаволи“.

Велшанецот се пресели во Јувентус на почетокот на сезоната како слободен играч и без отштета по разделбата со Арсенал. Меѓутоа, засега не успева да се наметне кај Маурисио Сари. Од друга страна, ниту Погба не е најсреќен во Манчестер јунајтед и веројатно ќе нема против да се врати во клубот чиј дрес го носеше од 2012 година до 2016 година.

Погба стигна во Манчестер јунајтед во 2009 година како 16-годишник од Авр и три години подоцна ја прифати понудата на Јувентус. Во август во 2016 година се врати на „Олд Трафорд“ за 105 милиони евра, а сега е на прагот за кам-бек во Торино. сѓд/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close