0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јувентус го мами Донарума со солидна плата

Управата на Јувентус се надева дека ќе ги искористи своите добри односи со агентот на играчот - Мино Рајола, кој помогна за трансферот на Матаис де Лихт во Јуве во текот на летото. Договорот на Донарума со Милан е до летото 2021 година. Тој во моментов заработува 6 милиони евра за сезона во тимот на „росонерите“.

Торино, 11 јануари 2020 (МИА) – Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума може да ја продолжи кариерата во Јувентус, објави „Спорт Медијасет“. Според изворите, во текот на летото „старата дама“ ќе му понуди на 20-годишниот голман петгодишен договор и плата од 9 милиони евра, со вклучена опција за зголемување на надоместокот.

Управата на Јувентус се надева дека ќе ги искористи своите добри односи со агентот на играчот – Мино Рајола, кој помогна за трансферот на Матаис де Лихт во Јуве во текот на летото. Договорот на Донарума со Милан е до летото 2021 година. Тој во моментов заработува 6 милиони евра за сезона во тимот на „росонерите“.

Во моментов прв голман на „бјанконерите“ е Војчех Шчесни, но тимскиот ментор Маурисио Сари се надева дека ќе работи со талентираниот Донарума. 20-годишниот голман би можел да биде „трансфер за иднината“ и да стане клучна фигура во тимот од Торино.

Таг
Back to top button
Close
Close