0_Спорт.ПорталФудбал

Јувентус го даде Ругани на позајмица во Рен

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани кариерата ќе ја продолжи во француската Лига 1.

Торино, 3 октомври 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани кариерата ќе ја продолжи во француската Лига 1.

Дваесет и шестгодишниот Италијанец му се приклучи на Рен на една сезона на позајмица.

Претходно беше објавено дека зделката ќе биде извршена за 1,5-2 милиони евра, францускиот тим нема да има опција да го откупи играчот.

Минатата сезона, Ругани одигра 10 натпревари за Јувентус во Серија А. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close