Дописници МКДОпштински вести

Утврден приоритет на три проекти за водовод и канализација во Крива Паланка

На последната седница на Советот на општина Крива Паланка усвоена е одлуката за приоритетна апликација на проектот „Изградба на фекална канализација во населба Осичка мала во Крива Паланка“.

Крива Паланка, 9 февруари 2020 (МИА) – На последната седница на Советот на општина Крива Паланка усвоена е одлуката за приоритетна апликација на проектот „Изградба на фекална канализација во населба Осичка мала во Крива Паланка“.

Советниците и во јануари утврдиле приоритет на уште два проекти за реконструкција и изградба на водоводна и канализациона мрежа во општината.

Како што информира Општината, на 34-та седница на Советот, покрај приоретизацијата на проектот за изградба на фекална канализација во Осичка маала, дадена е и согласност на Јавното претпријатие Комуналец за обезбедување банкарска гаранција за истиот.
-На претходната седница пак усвоени се одлуки за давање приоритет за аплицирање на под-проектот „Реконструкција и доградба наводоводна мрежа во Крива Паланка“. Со ова, од Општината посодуваат дека даваат приотитет за апликација на усвоеното дополнување на одлуката за распределба на средства, согласно договорот за заем од проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ на Владата, информира Општината.

Двете одлуки се усвоени според основниот проект за реконструкција на дел од градска водоводна мрежа во Крива Паланка и доградба на водоводна мрежа за село Конопница и село Градец.ид/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close