0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Утрехт сака да ги тужи челниците на холандскиот фудбал

Утрехт сака да ги тужи холандските фудбалски власти, откако не доби шанса да се натпреварува во европските купови следната сезона.

Амстердам, 25 април 2020 (МИА) – Утрехт сака да ги тужи холандските фудбалски власти, откако не доби шанса да се натпреварува во европските купови следната сезона.

Холандскиот фудбалски сојуз вчера реши да ја заврши сезоната без да објави шампион, промоција или испаѓање. Одлуката се донесе откако владата одлучи дека е невозможно да се игра професионален фудбал пред 1 септември поради пандемија на коронавирус.

Ајакс го предводеше пласманот на табелата пред АЗ Алкмар и иако не е прогласен за шампион, ќе влезе директно во Лигата на шампионите. Клубот ја оцени одлуката како „разбирлива“.
АЗ Алкмар може да се квалификува во Лигата на шампионите преку плеј-офот, додека Феенорд, ПСВ Ајндховен и Вилм Втори ќе учествуваат во Лигата на Европа.

Но, Утрехт, кој беше шести во првенството со само три бода зад Вилем Втори и мораше да игра со Феенорд во финалето на Купот на Холандија, не се согласува со одлуката.
Клупскиот шеф Тес Ван Ес изјави дека тоа е „црн ден за фудбалот“ и рече дека одлуките на федерацијата „немаат транспарентност и објективност“. Тој сега планира да тужи, но холандски правен експерт оцени дека тоа нема да доведе до ништо. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close