0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Утре утринската температура до минус 10 степени

Времето во земјата денеска е сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и тивко со температура до седум степени. 

Скопје, 9 јануари 2020 (МИА) – Времето во земјата денеска е сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и тивко со температура до седум степени.

До изутрината најмногу снег наврна во Маврово. Во Маврови Анови се измерени 11 сантиметри, додека на Попова Шапка се измерени четири сантиметри снег.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека утре изутрина температурите ќе се движат од -10 до -3 степени, а дневните температури ќе се движат од шест до 13 степени.

За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Во сабота времето се очекува да биде од -7 до 12 степени, а во недела од -4 до 10 степени. ев/сп/ 

Back to top button
Close
Close