Дописници МКДОпштински вести

Утре почнува онлајн Форумот во заедницата во Општина Радовиш

Со првата сесија утре во Радовиш почнува онлајн Форумот во заедницата, што ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во Општината.

Радовиш, 27 мај 2021 (МИА) – Со првата сесија утре во Радовиш почнува онлајн Форумот во заедницата, што ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во Општината.

-Со цел обезбедување услови за приоритет на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општината, а под влијание на актуелната состојба со Ковид-19, форумите ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM и тоа во три циклуса, односно три средби по два часа со групи на граѓани, информираат од локалната самоуправа.

По утрешната, наредните две сесии треба да се одржат на 7 и 10 идниот месец, на кои покрај дефинирањето на проблемите и предизивиците, ќе се понудат предлог решенија и ќе се презентираат резулатите и следните чекори.

Форумот го организира Општина Радовиш во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, „Лулуди“, „Рурална Коалиција“, „Новинари за човекови права“ и „ЕХО-Штип“, а се одржува во рамки на Проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“. рт/нд/

Back to top button
Close
Close