СветСвет.Портал

Утре почнува Економскиот форум во Давос

Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува утре и ќе трае до 24 јануари.

Давос, 19 јануари 2020 (МИА) – Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува утре и ќе трае до 24 јануари.

Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса“.

На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од сите нив ќе побараат да се обврзат на постигнување на нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close