Општински вестиСкопје

Утре дератизација во Општина Бутел

в

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Во текот на утрешниот ден во Општина Бутел ќе се врши пролетна дератизација. Со дератизацијата ќе бидат опфатени населбите Бутел 1 и Љуботенски Пат. Додека, во понеделник со дератизацијата ќе бидат опфатени Бутел 2, Скопје север и Визбегово.

Од прес-службата на Општина Бутел информираат дека правецот на дератизација е од север кон југ заради поголема ефикасност во уништувањето на глодарите.

Оттаму посочуваат дека ќе бидат дератизирани 1.200 шахти со по два мамци.

Инаку, вчера се вршеше дератизација од северниот дел на општината кај местото Јазирски мост, а беше опфатена и населба Радишани.фф/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close