Скопје

Утре без вода дел од корисниците на Центар и Карпош

Поради дефект на затварач на раскрсница меѓу улица „Самоилова“ и булевар „Никола Карев“, утре без вода ќе останат корисниците од улиците „Самоилова“ и „Банатска“ во општина Центар,  како и дел од корисниците од Момин Поток во Карпош.

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Поради дефект на затварач на раскрсница меѓу улица „Самоилова“ и булевар „Никола Карев“, утре без вода ќе останат корисниците од улиците „Самоилова“ и „Банатска“ во општина Центар,  како и дел од корисниците од Момин Поток во Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот, информира јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје. ир/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close