0_Македонија.ПорталСкопје

Утре без струја неколку улици во Кисела Вода и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во општините Кисела Вода и Карпош.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во општините Кисела Вода и Карпош.

Како што информира РЦУК Скопје, по известување од ЕВН, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Андон Димитров бр. 78, бр. 80, бр. 82 и бр. 84. во Oпштина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улиците: Алжирска, Дрезденска, Анкарска и Римска во Општина Карпош. вг/скс/

 

Back to top button
Close
Close