0_Македонија.ПорталСкопје

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН информираа дека утре делови од повеќе скопски општини ќе останат без струја заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа. 

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Од ЕВН информираа дека утре делови од повеќе скопски општини ќе останат без струја заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Без електрична енергија од 08:00 до 15:30 часот ќe останат дел од село Ракотинци,Општина Сопиште, дел од село Кучково и Викенд населбата – Веле Поле во Општина Ѓорче Петров и корисниците од ул. Студеничанска и Училиштето за Богословија Веронаука во Драчево во Општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 11:00  без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците: Радњанска, Славка Недиќ и Дане Крапчев во Општина Центар, додека од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селата Оризари, Мирковци и Голиево. Од 11:00 до 15:00 часот, струја ќе немаат корисниците од ул. Китка во Драчево.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека утре поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм на ул. Козле 132, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Козле, Кораб, Струшка, Мокра и дел од Јуриј Гагарин. Поради потребите за санација ќе биде исклучена пумпената станица во Жданец, со што ќе се намали притисокот на вода во населбите Жданец, Трнодол и Нерези. цр/дма/

Back to top button
Close
Close