0_Спорт.ПорталКошарка

Јута: Руди Гобер и Донован Мичел го победија коронавирусот

Руди Гобер, кој беше првиот заразен кошаркар со коронавирус во НБА лигата, и неговиот соиграч Донован Мичел во целост се опоравија од коронавирусот, соопшти Јута. 

Солт Лејк Сити, 27 март 2020 (МИА) – Руди Гобер, кој беше првиот заразен кошаркар со коронавирус во НБА лигата, и неговиот соиграч Донован Мичел во целост се опоравија од коронавирусот, соопшти Јута.
– Играчите повеќе не претставуваат опасност за инфеkција, објави НБА тимот од Солк Лејк Сити од каде додаваат дека никој во клубот повеќе не е заболен од коронавирус.
По објавата за позитивниот тест на коронавирус на Гобер, раководството на НБА лигата донесе одлука за прекин на натпреварувањето и засега нема информации кога би можело да продолжи. сѓд/   

Таг
Back to top button
Close
Close