0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

Усвоена стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје

Со стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје 2021 – 2025, која беше усвоена на последната седница на Советот, предвидено е да се примени родов пристап при планирање и доставување на сите јавни услуги од областите на: урбанизмот, социјалната здравствена и детска заштита, културата, спортот, сообраќајот, животната средина, комуналните дејности, локалниот економски развој, образованието, како и во работата на јавните претпријатија и културните установи во главниот град.

Скопје, 24 февруари (МИА) – Со стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје 2021 – 2025, која беше усвоена на последната седница на Советот, предвидено е да се примени родов пристап при планирање и доставување на сите јавни услуги од областите на: урбанизмот, социјалната здравствена и детска заштита, културата, спортот, сообраќајот, животната средина, комуналните дејности, локалниот економски развој, образованието, како и во работата на јавните претпријатија и културните установи во главниот град.

Од Град Скопје информираат дека акцискиот план за родова еднаквост (2021-2025), кој е дел од оваа стратегија, предвидува преземање краткорочни и среднорочни активности од повеќе области планирани за период од четири години, а имплементирани преку годишните оперативни програми.

Планирани се многубројни конкретни активности како: обезбедување услуги на нега во домашни услови, дневна нега и грижа за стари и изнемоштени, болни лица и лица со посебни потреби, зголемување на опфатот на девојчиња во средното образование со посебен акцент на Ромки, зголемување на бројот на девојки во техничките науки, намалување на сегрегацијата на работните места, зголемување на бројот на бизнис жени, промоција на женски автори, зајакнување на женски културни дејци, инвестиција во јавна инфраструктура за развој на спорт според преференции на жените, достапност на јавен транспорт и транспортни линии.

Станува збор за стратешки документ кој е донесен со цел унапредување на еднаквите можности на жените и мажите во севкупното општествено живеење во градот, а како основа во изработка на оваа стратегија се земени двата меѓународни документи кои се однесуваат на локалната самоуправа и родовата еднаквост: „Светската декларација на жени во локалната власт“ и „Европската повелба за еднаквоста на мажите и жените во локалниот живот“.

Стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје, како што стои во соопштението, е направена врз основ на анализа на реалните податоци и дава преглед на основите индикатори на Град Скопје во различни области, со посебен акцент на прашањата во кои најмногу можат да се детектираат родовата нееднаквост и нерамноправност во односот помеѓу мажите и жените како што се неплатениот труд, јавната безбедност и насилството, пазарот на труд и вработување, здравство, образованието и друго.

Активностите за стратегијата истата ќе бидат финансирани од буџетот на Град Скопје.ар/са/

Таг
Back to top button
Close
Close