БалканБалкан.Портал

Уставен суд на Хрватска: Никому не сме да му биде ускратено гласачкото право

Уставниот суд на Хрватска денеска одлучи дека не смее да се ускратува изборното право на инфицираните лица со Ковид-19

Загреб, 3 јули 2020 (МИА) – Уставниот суд на Хрватска денеска одлучи дека не смее да се ускратува изборното право на инфицираните лица со Ковид-19.

Претходно хрватската Државна изборна комисија (ДИК) одлучи да не гласаат заразените лица, како и лицата кои имаат симптоми.

Пеѓа Грбин од Социјалдемократската партија (СДП) побара оценка на уставноста на одлуката на ДИК.

Тој истакна дека сега очекува одлуката на Уставниот суд да се спроведе во пракса. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close