Дописници МКДОпштински вести

Успешна теренска вакцинација во Општина Градско

Теренската вакцинација во Општина Градско која вчера започна, денеска продолжи во селата Горно Чичево, Долно Чичево и Подлес и одзивот беше одличен, велат од вакциналниот пункт во Велес. Во текот на вчерашниот ден во четири села се вакцинирани 111 лица, од кои најмногу 69 во Виничани и 30 во Ногаевци, по шест лица во Водоврати и во Кочилари.

Велес, 23 јули 2021 (МИА) – Теренската вакцинација во Општина Градско денеска продолжи во селата Горно Чичево, Долно Чичево и Подлес и одзивот беше одличен, велат од вакциналниот пункт во Велес. Во текот на вчерашниот ден во четири села се вакцинирани 111 лица, од кои најмногу 69 во Виничани и 30 во Ногаевци, по шест лица во Водоврати и во Кочилари.

Д-р Виолета Петкова за МИА информира дека во вакциналниот пункт во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес денеска се вакцинирале околу 200 лица со „Синовак“ и „Фајзер“, а веќе почнало и вакцинирање со втора доза „Астра Зенека“.

Исто така, околу 180 лица биле вакцинирани и на вакциналниот пункт во Здравствениот дом, меѓу кои имало и млади.

– Вакцинацијата во Велес и велешко е со се’ поголем одзив и се повеќе жители се пријавуваат и бараат да бидат вакцинирани,од нив голем дел заради патување во странство бараат да бидат вакцинирани со „Фајзер“, информира д-р Петкова. ад/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close