Дописници МКДОпштински вести

Усовена програмата за локалниот економски развој во Куманово

Подобрување на бизнис клима, рурален развој, занаетчиство, поддршка за младите се дел од проектите опфатени во програмата за локален економски развој на општина Куманово, која беше усвоена на последната седница на советот. За оваа година планирани се 17 проекти за кои е предвиден годишен буџет од 23 милиони денари.

Куманово, 23 јануари 2020 (МИА) – Подобрување на бизнис клима, рурален развој, занаетчиство, поддршка за младите се дел од проектите опфатени во програмата за локален економски развој на општина Куманово, која беше усвоена на последната седница на советот. За оваа година планирани се 17 проекти за кои е предвиден годишен буџет од 23 милиони денари.

-Општината учествува со 3,2 милиони денари, останатите средства ги обезбедуваат Владата, УНДП, Министерството за економија, изјави соработникот во одделението за локален економски развој, Ахмет Јашаровски.

Одделението годинава најмногу внимание ќе посвети на младите и заедно со Центарот за вработување ќе работат на отварање на бизнис инкубатор.

 -Увидивме дека одливот на младите е доста голем. Општината сака да ги задржи младите и во програмата  планираме отварање бизнис инкубатор. Ќе го спроведуваме во парнерство со Агенцијата за вработување и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија. Веќе имаме аплицирано проект очекуваме да ни се одобри, рече Јашаревски.

Анализите на одделенито покажале дека првите две години се критични за младите бизнисмени, затоа програмата предвидува помош за маркетинг, сметководствените услуги и другите потреби, кои центарот би можел да ги овозможи.ам/са/

Back to top button
Close
Close