0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Уште три дена предизборна кампања, и „Можеме“ и „Обнова“ ветуваат дека по 15 јули доаѓаат најдобрите четири години

Предизборната кампања завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк, а дотогаш политичките партии и ко на средби со граѓаните се обидуваат да им ги појаснат своите изборни програми и со ветувања за нивно исполнување да ја добијат довербата на 15 јули. Во финишот на изборната кампања речиси секојдалициите учесници во предвремените парламентарни избори интензивноневно се објавуваат и т.н. „аудиобомби“ преку кои се води и една поинаква битка за победа на 15 јули.

Скопје, 10 јули 2020 (МИА) – Предизборната кампања завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк, а дотогаш политичките партии и ко на средби со граѓаните се обидуваат да им ги појаснат своите изборни програми и со ветувања за нивно исполнување да ја добијат довербата на 15 јули. Во финишот на изборната кампања речиси секојдалициите учесници во предвремените парламентарни избори интензивноневно се објавуваат и т.н. „аудиобомби“ преку кои се води и една поинаква битка за победа на 15 јули.

И Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партија предводник на коалицијата „Обнова на Македонија“, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, партијата што ја предводи коалицијата „Можеме“, најавуваат дека со евентуалната победа на 15 јули доаѓаат најдобрите четири години за нашата држава.

Карванот на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ денеска својата програма ќе ја претстави во скопски Карпош и во Битола,  додека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ со свои изборни активности ќе биде во Пехчево, Берово и Делчево.

Од СДСМ и коалицијата „Можеме“ нагласуваат дека оваа коалиција знае, сака и умее да победува, да чекори напред по евроатлантскиот пат, подобра економија, повиоски плати, пензии, повисока социјална помош, поголеми вложувања во инфраструктурни проекти…Има јасна визија и перспектива и да гради единство, наместо да руши да гради мостови и пријателство.

Во Шуто Оризари победува коалицијата „Можеме“, победува единството и заедништвото. Секојпат ми е чест да зборувам пред ромскиот народ, знаеме дека можеме уште повеќе и подобро, сите други доаѓаат, лажат и заминуваат после изборите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на трибина синоќа во Шуто Оризари.

– Јас бев овде заедно со сите вас да се радуваме на новите улици со бекатон плочки, на сите нови проекти што ги правевме, на новата полициска станица, на новиот проект за градинката. Секојпат сме биле овде за да ги афирмираме ромскиот јазик, култура и традиција. Заедно се боревме против сиромаштијата, за честа и достоинството на РС Македонија. Во целиот овој период покажавме дека сме различни од другите, затоа сме во најголемата коалиција, во која има четворица пратеници од ромската заедница. Најсиромашна ни е ромската заедница, најмногу треба да работиме за ромската заедница и нема да престанеме да работиме додека квалитетот на животот на Ромите не биде ист со квалитетот на животот на Македонците, на Албанците, на Турците, на сите, порача Заев пред жителите на Шуто Оризари.

Заев говореше за Преспанскиот договор, за договорот со Бугарија, но и за концептот „Едно општество за сите“, потенцирајќи дека во единството е силата. Нагласи дека се постигнати двете стратешки цели членство во НАТО и отворање поглавја за почеток на преговорите со ЕУ, а е утврдена и преговарачката рамка.

– Како членка на НАТО, со преговори со ЕУ конечно го доживеавме денот за што се боревме од независноста, да го дигнеме економскиот стандард, да ја решиме сиромаштијата, да им најдеме работа на сите, да може да имаат поголеми плати, старите луѓе да дочекаат повисоки пензии, да има поголем стандард, да има водоводи канализации секаде, убава инфраструктура, детски градинки, училишта, да има секаде  домови на култура, да ја негуваме и ромската и македонската и бошњачката и српската и албанската и турската традиција, затоа што тоа е нашето богатство. Ние сме Европа во мало, говореше лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами вчера во Тетово, ги истакнаа предлозите во поглед на интергацијата во НАТО и Европската Унија. 

– Две и пол милијарди европски пари ни стојат на располагање во следниот период. Европските пари за европски стандарди дома, но и за полесно справување со последици од корнавирусот. Подготвени сме, знаеме и можеме да отвориме 80 отсто од поглавјата до 2024 година, а за шест години од сега да го затвориме целиот преговарачки процес со ЕУ и да бидеме полноправна членка на ЕУ. Ова е нашата понуда за следните четири години. Точно знаме каква држава сакаме да биде Северна Македонија во 2024 година, слободна, демократска, европска и интегрирана, истакна Заев.

Граѓаните да излезат да гласаат јасно истакнувајќи ги разликите меѓу демократското и просперитетно владеење на СДСМ со режимот кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ, порача на средба со жители во Чаир, носителот на листа  на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски. Вети дека до 2024 година ќе бидат отворени 80 отсто од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за шест години ќе се затвори преговарачкиот процес.

Од коалицијата „Можеме“ најавуваат и  проширување на опфатот на социјалната помош на 34.000 домаќинства, како и зголемување на опфатот на деца корисници на образовен и детски додаток. На средбите носителите на ИЕ и кандидатите за пратеници потсетуваат и на на изградените и реконструирани 43 градинки, изградените и реконструирани 20 училишта само во ИЕ 3 и за реконструирани двете крила на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Ветуваат и родова еднаквост

Претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами вчера заедно со Заев во Тетово, истакна дека големата идеја за Европска Македонија како што ги соединила двете партии пред изборите ќе биде водилка и за наредните четири години.

-Сè што ќе правиме наредните четири години ќе биде насочено кон интергација во Европската Унија. Во иднина можеби ќе имаме различни сфаќања за одредени работи но ќе не се соедини големата идеја за евро интеграции како што не обедини претходните три години. Горди сме и покрај тоа што бевме опозиција и не бевме со позиции во Владата бевме активни и сме придонеле за членство на Македонија во НАТО осигурувајќи го патот кон Европкста унија. Горди сме што успеваме да постигнме и најдеме разбирање со главната политичка партија во Владата СДСМ, за да направиме уставни промени за доброто на сите граѓани, истакна Касами.

Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на телевизија 24. Мицкоски додаде дека фокусот се става во економијата бидејќи силна економска држава може да биде држава која што практично ќе ги обединува и чувствата на луѓето но и амбициите на луѓето.

Приоритет на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и инвестирање во изградба и обнова на патната инфраструктура, им ветуваат на граѓаните од коалицијата „Обнова“.

– За да дојдеме ние до тоа нас потребнони е најпрвин да обезбедиме правна држава. Тоа е многу важно. Сите комори истото тоа го посочија. Ние немаме викаат во моментов правна сигурност за нашите инвестиции. Второ, немаме предвидливи економски политики. Зошто немаме предвидливи? Затоа што денес се носи прогресивниот данок, утре се укинува, едноставно ние не можеме да ги планираме нашите бизнис планови за во иднина. Понатаму, немаме доволно квалитетна и квалификувана работна сила, пред се мислам на високо образование, и средно образование, занаетчии да бидам попрецизен. Денес во нашата држава не можете да најдете заварувач. Да излезете на пазар на труд и да понудите плата не знам колку вие не можете да најдете заварувач бидејќи ги нема. И тие што биле заварувачи поискусни заминале надвор од државата и сега се некаде на друго место, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен акцент и фокус ќе стави на економијата и на бизнис секторот.

– Јас ви ветувам дека во првите 100 дена секој оној кој што се огрешил пред законот, осрамотил пред граѓаните без разлика дали е политички определен или неопределен на онаа или оваа политичка партија ќе одговара. Од прв до последен. Доста беше неправди, овој народ е уморен од криминалци, од натрапници во политиката, вети Мицкоски.

Мицкоски, во обраќањето синоќа во скопски Аеродром нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува со понуда содржана во 360 страни наречена Проект „Обнова“ и таму има буквално за секој еден граѓанин односно таму може да се најдат повеќе од 1000 проекти, како да се дојде до 25 проценти повисока просечна плата во еден мандат, како да се дојде до 20 проценти повисоки пензии и враќање назад на старото законско решение кога пензиите два пати годишно растеа, како до 1000 километри нови реконструирани локални и регионални патни правци, како до најнизок данок од 8 проценти и уште многу други проекти.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети  не отстапува од идејата за прв премиер Албанец, која, како што вели, потекнува уште пред 11 години. Тој истакнува дека жали што неговите конкуренти, опоненти, не ја гледат, не ја студираат платформата на ДУИ и им порача внимателни да ја следат документацијата, историјата на партијата, бидејќи, како што рече, „во иднина може да се случи да паднат на минско поле, како што сега паднаа“.

Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на Северна Македонија, од редовите на ДУИ, во неговиот акциски план за првите 100 дена како премиер на Северна Македонија, меѓу другото предвидува социјална пензија за сите жени кои никогаш не работеле официјално. За него оваа мерка е со најголем приоритет и е една од 25-те конкретни мерки на планот што предвидува подобрување на животот на сите граѓани.

Изборната програма на Демократскиот сојуз за овие избори оди под мотото „За Европска Македонија“. Дводецениско залагање на ДС за европски вредности и стандарди во Македонија е причината што на овие избори партијата настапува заедно со коалицијата „Можеме“,  предводена од СДСМ, истакна денеска Зоран Димитровски, генерален секретар на ДС, кој најави одржување на Шестиот Конгрес на партијата.

– Демократскиот сојуз оваа година одбележува јубилеј 20 години од формирањето на партијата, а тоа се совпаѓа со предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Веќе две децении Демократскиот сојуз е препознатлив по својата автентична политичка програма и енергичното залагање на нашиот претседател Павле Трајанов за создавање правна држава, борба против организираниот криминал и корупцијата, деполитизирани институции, слободни медиуми, рече Димитровски.

Од Демократскиот сојуз сметаат дека со членството во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, кои очекуваат да започнат до крајот на оваа година, во земјава конечно ќе почнат да се почитуваат високите европски стандарди на правдата, слободата и демократијата.

– Слушнавме ветувања за правда, за подобар живот, за повисоки плати, за подобра социо-економска положба, за казнивост на политичарите, политичка одговорност, но не добивме ништо, изјави вчера на прес конференција Петар Богојески, носител на листа на Македонски концепт во ИЕ1.

Тој меѓу другото истакна дека од Македонски концепт се залагаат за казнивост на политичарите, политичка одговорност, кривично дело- лажно политичко ветување и финансиска лустрација на политичарите, функционерите и сите што се на јавни функции почнувајќи од него и оти со вакви закони ќе дојдеме до вистински граѓански парламент кој што ќе работи во функција на граѓаните и само за интересите на граѓаните.

– Само гласот за број 10 е глас за победа на граѓаните врз политичарите, заклучи Богојески.

Сенада Ибраимова, носителка на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица од редовите на политичката партија Левица вчера во Тетово ги запозна жителите на градот со партиската програма насловена „Државата за народот“. 

Носителката заедно со дел од кандидите за пратеници и партиските активисти во центарот на Тетово ги запознаа граѓаните со изборната понуда на Левица делејќи програма и флаери. Таа, исто така, посочи дека во „Левица“ се убедени за станување парламентарна партија и од собраниска говорница вистински да се чуе гласот на народот.

-Левица е најбрзорастечка партија во Македонија. Сакам да упатам порака до тетовчани дека не се сами, дека има партија која се грижи за народот. Можат да го дадат својот глас за Левица затоа што единствена работничка партија која најповеќе се грижи за работникот, работничките права пред се. Порачуваме да се гласа на 15 јули затоа што е битно да се искористи правото на глас  и да се стави крај на ова 30 – годишно лудило, изјави Сенада Ибраимова.

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. цр/скс/

Back to top button
Close
Close