
Техеран, 10 јули 2020 (МИА) – Силна експлозија одекна од западните делови на поширокото подрачје на иранскиот главен град Техеран, јави денеска државната агенција ИРИБ.
Минатата недела се случија неколку експлозии во близина на нуклеарни и индустриски постројки.
Агенцијата ИРИБ не даде повеќе информации за причините за денешната експлозија и за можни жртви. јт/зш/