СветСвет.Портал

Уште една експлозија во иранска електрана

Во електрана во иранската централна провинција Исфахан денеска се случи експлозија, во која нема жртви, јави државната агенција Ирна.

Техеран, 19 јули 2020 (МИА) – Во електрана во иранската централна провинција Исфахан денеска се случи експлозија, во која нема жртви, јави државната агенција Ирна.

Директорот на електраната рече дека причина за експлозијата е дефект на трансформаторот.

Тој додаде дека електричната енергија е исклучена два часа по инцидентот.

Од крајот на јуни имаше неколку експлозии и пожари во воени, нуклеарни и индустриски објекти во Иран, а некои официјални претставници навестија дека постои можност за саботажа. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close