0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваОпштество

Уште две лица тестирани за короновирус, едното негативно, дополнителни тестирања за второто

Покрај пациентката кај која вчера беше потврден коронавирус, на Инфективната клиника вчера се тестирани уште две лица, кај едното е негативен резултатот, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Покрај пациентката кај која вчера беше потврден коронавирус, на Инфективната клиника вчера се тестирани уште две лица, кај едното е негативен резултатот, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Едниот е возач на камион кој патувал преку северна Италија со симптоми на грип и неговиот тест  е негативен, а вториот случај ежена која со сопругоит била на патување во Рим. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се прави дополнително тетсирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа, истакна Филипче, во изјава за мадиумите на Вториот Форум за национално здравје.

Тој посочи дека пациентката со потврден коронавирус е во добра состојба и оти во меѓувреме се исконтактирани и ставени во домашна изолација и лицата кои биле во контакт со неа и со другите патници во комбето со кое се превезувале. Се досега укажува дека лицата не биле во контакт со голе маса луѓе.

Како што најави Филипче, денеска во 13 часот ќе има состанок комитетот за координација на активностите заедно со припадници на МВР на кој ќе биде утврдено дали ќе продолжи домашната изолација за лицата или тие ќе бидат премесетни во центрите за изолација на инфективните одделенија.рп/лв/

Изјави во рамки на вториот Национален форум за здравје

Posted by MИА.mk on Четврток, 27 февруари 2020

 

Back to top button
Close
Close