Svet.SlajderСветСвет.Портал

Уште двајца членови од предизборниот тим на Трамп се позитивни на новиот коронавирус

- Двете лица беа присутни на митингот, но „носеа маски цело време“, рече Тим Муртауг, портпарол на изборниот тим на претседателот на САД.

Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) –  Двајца нови членови на изборниот тим на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои учествуваа во организирање на неговиот митинг во Тулса, Оклахома, тестирани се позитивни за Ковид-19.

– Двете лица беа присутни на митингот, но „носеа маски цело време“, рече Тим Муртауг, портпарол на изборниот тим на претседателот на САД.

Тој додаде дека веднаш на сила стапиле постапките за карантин и откако биле добиени резултатите од анализи.

Неколку часа пред да се одржи митингот во саботата навечер, тимот на Трамп објави дека шест члена се позитивни на новиот коронавирус.

Организацијата на митингот, прв од март, предизвика жестока полемика во јавноста бидејќи многу луѓе изразија загриженост за здравствените последици и непочитување на правилата за социјално дистанцирање. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close